Политика за приватност на апликациите за студии на здравјето од Apple

Политиката за приватност на апликациите за истражувачки студии на здравјето од Apple е ажурирана на 20 ноември 2020 година
Вашата приватност е важна за Apple. Затоа развивме Политика за приватност што го покрива начинот на кој се справуваме со вашите податоци во врска со апликациите за истражувачки студии на здравјето од Apple („Апликации“). Накратко запознајте се со нашите практики за приватност и известете нѐ ако имате прашања.

Истражувачки студии на здравјето од Apple

Оваа Политика за приватност ги резимира податоците што може да ги собираме или добиваме во врска со користењето на кои било апликации за истражувачки студии за здравјето и учеството во кои било од нашите истражувачки студии за здравјето (поединечно, „Студија“ и заедно, „Студии“). Политиката за приватност не ги покрива податоците што ги собираме или добиваме за вас во други контексти, како на пример кога купувате производ на Apple, прегледувате веб-локации на Apple, користите други мобилни апликации на Apple или, пак, кога за други општи цели што не се од студиски карактер го користите вашиот уред на Apple како на пример iPhone, iPad или Apple Watch. За нашите практики за приватност воопшто, погледнете ја нашата општа политика за приватност.

Информирана согласност

За да учествувате во какви било студии, прво треба да го прегледате и потпишете образецот за информирана согласност и овластување (ако е можно) („Информирана согласност“) за студијата. Со користење на апликацијата, се согласувате со собирањето, користењето и споделувањето на вашите податоци како што е опишано во оваа Политика за приватност и како што е наведено во Информираната согласност. До степенот до кој нешто во оваа Политика за приватност е во конфликт со Информираната согласност, контролата ќе ја имаат условите од Информираната согласност.

Секаде во оваа политика можно е да го користиме терминот „Тим на студијата“ што се однесува на сите субјекти што може да имаат пристап до податоците собрани од вас или за вас преку апликацијата или како дел од студиите. За сите студии, Информираната согласност ќе вклучува посебни податоци за членовите на тимот на студијата.

Собирање и користење на податоците

Личните податоци се податоци што може да се користат за идентификување или стапување во контакт со одредено лице. Одредени лични и не-лични податоци, како што е опишано подолу, може да се собираат од вас или за вас преку апликациите или како дел од студиите.

Apple и нејзините подружници, како и другите членови на тимот за студијата, може да ги споделуваат податоците што ги собираме преку апликацијата помеѓу себе и да ги користат согласно оваа Политика за приватност.

Доколку одлучите да учествувате во студијата, подолу има примери за типовите податоци што може да ги собираме и начинот на кој може да ги користиме.

Кои податоци ги собираме

Кога преземате една од апликациите и се запишувате во една од студиите, подолу има примери од категориите на информации (што може да вклучуваат некои лични податоци) што може да се собираат од или за вас преку апликациите („Податоци од студијата“). Посебните категории на информации што ќе се собираат за вас како дел од студијата ќе бидат опишани во Информираната согласност.

  • Информации за контакт како на пример вашето име, адресата на е-пошта и телефонскиот број.
  • Демографски информации, како на пример возраста, полот, земјата на живеење и расата.
  • Медицинска историја и информации, како на пример висината/тежината, претходни медицински дијагнози и тестирања (на пр. дијагноза за неправилен срцев ритам), тековна и претходна употреба на одредени лекови (на пр. лекови за разретчување на крвта), одредена семејна историја (на пр. историја на атријална фибрилација) и здравствени навики (на пр. пушење). Овие информации може да се собираат преку анкети во апликацијата или други анкети за здравјето што може да ви се побара да ги пополните.
  • Сензорни информации, како на пример отчукувања на срцето и време помеѓу две отчукувања.
  • Технички податоци, што во многу случаи претставуваат не-лични податоци, т.е. податоци во облик што сам по себе не дозволува директно поврзување со ниедна посебна личност. Техничките податоци, на пример, вклучуваат информации за вашето користење на апликацијата (на пр. кога апликацијата била стартувана за прв пат), верзијата на апликацијата и ID за инсталација, идентификаторот на уредот и техничките податоци за вашиот уред, како на пример оперативниот систем и моделот. Apple не ги следи своите корисници со текот на времето и преку веб-локациите на трети страни за да обезбеди насочено рекламирање, па според тоа не одговара на сигналите „Не следи“ (DNT).
  • Информации за несакани дејства, како на пример загриженост, несакано дејство или друго прашање за кое се известува, а коешто се појавува во студијата.
  • Други информации, доколку ги има, опишани во Информираната согласност.

Вашите информации за контакт ќе се одделат од остатокот од податоците собрани од вас преку апликациите и како дел од студиите и ќе бидат заменети со случаен код („Кодирани податоци од студијата“) пред да бидат примени во системите на Apple.  Кога Apple има улога на спонзор на студијата, има обврска да воспостави процес што ќе може да го вклучи прегледот на некодирани податоци од студијата по потреба за да ги почитува законот во одредени јурисдикции или да ги исполни обврските на Apple како спонзор. Apple ангажира трета страна да ги исполни таквите обврски во нејзино име и само кодирани податоци на студијата се примаат на системите на Apple. За одредени студии, ако наидете на технички проблем и се согласите да бидете префрлени на Apple за дополнителна техничка поддршка, Apple може да има пристап до одредени информации што директно ве идентификуваат. Другите субјекти што се вклучени во студијата, како на пример главниот истражувач или другите членови на тимот на студијата, може да ги задржат податоците од студијата во идентификувачки облик.

Како ги користиме вашите податоци

Вашите лични податоци, како на пример информациите за контакт, доколку се собираат преку апликацијата, може да се користат за целите опишани во Информираната согласност, вклучувајќи:

  • Да ве запишат во студијата, вклучувајќи го и одредувањето на вашата погодност за учество во студијата
  • Да ја спроведат и поддржат студијата
  • Да контактираат со вас со анкети и други пораки поврзани со студијата преку известувања во апликацијата, е-пошта или на друг начин

Вашите кодирани податоци од студијата може да се користат за целите опишани во Информираната согласност, вклучувајќи:

  • Да ја спроведат и поддржат студијата
  • Да развијат производи поврзани со здравјето и активности за подобрување
  • За други истражувачки студии, доколку е дозволено во Информираната согласност
  • Да издаваат наоди од истражувањето и сродни извештаи што нема да ве идентификуваат

Вашите технички податоци (како што е опишано погоре) исто така може да се користат за да ја утврдат вашата погодност за студијата и општото користење на Апликациите.

Откривање на трети страни

Даватели на услуги

Apple и другите членови на тимот на студијата може да ги споделуваат вашите податоци со компаниите што обезбедуваат услуги за или во име на студијата како независен одбор за институционална ревизија од трети страни одговорни за ревизија на студијата и заштита на вашите права како учесник во истражувањето, или, пак, трети страни што се најмени за вршење услуги поврзани со студијата, како на пример примање и обработка на жалби поврзани со студијата, во наше име. Овие компании се обврзани да ги заштитат вашите податоци.

Други

Вашите лични податоци и кодираните податоци од студијата исто така може да им се откриваат на следниве трети страни:

  • Владини и регулаторни органи, како што се Министерството за здравство и човечки услуги на САД, Администрацијата за храна и лекови и други сојузни или државни владини агенции.
  • Трети страни за спроведување на законот или други трети страни согласно важечкиот правен процес како на пример судска покана, парница или судски налог. Исто така, може да откриеме информации за вас ако утврдиме дека за целите на националната безбедност или други прашања од јавна важност, обелоденувањето е неопходно или соодветно.
  • Други одобрени истражувачи за студијата, доколку е дозволено од Информираната согласност, одредени истражувачи од трети страни кои се одобрени, можат да пристапат до ограничени податоци од студијата. Категориите на одобрени истражувачи за студијата, видот на податоците од студијата до кои може да пристапат и целите за кои може да ги користат податоците ќе бидат подетално опишани во Информираната согласност.
  • Други, доколку утврдиме дека обелоденувањето е разумно неопходно за да ги примениме нашите услови или да ги заштитиме нашите операции или корисници. Податоците ги обелоденуваме како што е опишано во Информираната согласност. Покрај тоа, во случај на реорганизација, спојување или продажба, може да пренесеме некои или сите лични податоци што ги собираме на соодветната трета страна.

Заштита на вашите податоци

Apple има сериозен пристап кон безбедноста на вашите лични податоци. Apple спроведе разумни мерки за чување на податоците од студијата што ги чува безбедни и за заштита на доверливоста на вашите информации, вклучително и чување на истите во системи со ограничен пристап сместени во објекти што користат физички мерки за безбедност. И покрај нашите мерки за безбедност, не може да се гарантира целосна доверливост.

Задржување на личните податоци

Вашето учество во студијата е доброволно. Може да одлучите да не учествувате или може да ја напуштите студијата во секое време. Ако одлучите да се повлечете, ние не можеме да ги избришеме податоците што веќе сме ги собрале и можеби ќе продолжиме да ги користиме, но ќе престанеме да примаме нови податоци од студијата за вас и ќе престанеме да контактираме со вас за студијата, освен во случај на сериозна, активна медицинска потреба. Посебните политики за задржување и чекорите што треба да ги преземете за повлекување ќе бидат опишани во Информираната согласност за секоја студија.

Деца

Нашите апликации не се наменети за деца помлади од 13 години или еквивалентна минимална возраст во релевантната надлежност. Доколку дознаеме дека сме собрале лични податоци на дете помладо од 13 години, ќе преземеме чекори за да ги избришеме податоците што е можно поскоро.

Посветеност на целата наша компанија на вашата приватност

За да ја обезбедиме безбедноста на вашите лични податоци, ги запознаваме вработените на Apple со насоките за приватност и безбедност и строго ги спроведуваме заштитните мерки во рамките на компанијата.

Прашања за приватноста

Доколку имате прашања или грижи во врска со оваа Политика за приватност, контактирајте со нас. Доколку имате прашања во врска со студијата, контактирајте со член на тимот на студијата користејќи ги информациите за контакт наведени во Информираната согласност. За повлекување од студијата, следете ги посебните упатства во Информираната согласност. Имајте предвид дека бришењето на апликацијата нема да ве повлече од студијата.

Одвреме-навреме, Apple може да ја ажурира оваа Политика за приватност. Доколку ја промениме политиката на материјален начин, ќе ви биде доставено известување или во Апликацијата или преку е-пошта специфична за студијата, заедно со ажурираната Политика за приватност. Исто така, може да обезбедиме и известување за која било веб-локација специфична за студијата.

Apple Inc., 1 Apple Park Way, Cupertino, California, USA, 95014